Вие имате прво да ја знаете вистината

Баба ми тајно ме крстеше, поради смртта на Тоше Проевски целосно го промашив животот, пороците ме уништија…

Прославениот хрватски пеач, Тони Цетински беше гостин на телевизијата Лаудато каде зборуваше за неговото обраќање и практикување на верата.

Во интервју, пејачот Тони Цетински откри досега непознати работи од неговиот приватен живот.

Пејачот рече дека неговата баба Марија, која била голем верник, тајно го крстила во два часот наутро.

Тајно ме крсти во Новиград во времето на комунизмот. Имаше таков договор со свештеник. Отиде да ме крсти и јас сум благодарен за тоа. Беше ризично за тоа време, но не знам што ќе направеше ако не ме крстеше, рече тој. Тони додаде дека баба Марија го научила да се моли.

Тој зборуваше и за своето пријателство со Тоше Проески, чија смрт многу го погоди.

Научив многу од Тоше, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човек, тој беше и повеќе од тоа, рекол Тони, додавајќи дека бил малку лут кога починал.

Бидејќи него го нема, јас сакам да бидам што е можно подобар. Но, имаше период на гнев и чувство на неправда каде што јас брзав. Бев во брак каде што беа атеисти, тотално оддалечен од Црквата. Брзав, одев со главата напред низ ѕидот. Си дозволив пороци. Целосно се изгубив и отидов во погрешен правец, рече тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!