Вие имате прво да ја знаете вистината

Дваесет и девет години брак: Мишел му беше менторка, а потоа му стана сопруга на Барак Обама, среќна годишнина од бракот, те сакам! (фото)

Мишел и Барак Обама ја прославија својата 29-годишнина од бракот, а по тој повод објавија колаж-фотографија на која се гледа како некогаш изгледале и како изгледаат денес.

Како започна vs како е сега. Среќна годишнина, Барак, те сакам – напиша поранешната прва дама на Америка и тоа беше гарнирано со фотографија.

Се разбира, Барак Обама се огласи по истиот повод.

Среќна годишнина, Мишел. Во последните 29 години, сакав да гледам како светот те запознава не само како ќерка на Саут Сајд, туку и како мајка, адвокат, извршен директор, автор, прва дама … Не можам да го замислам животот без тебе, и напиша поранешниот американски претседател на својата сопруга.

https://www.facebook.com/barackobama/posts/10158909256561749?__tn__=-R

Двајцата се запознале во адвокатска канцеларија кога од Мишел било побарано да го подучи Барак, кој во тоа време бил практикант. Тие отидоа на првиот состанок во 1989 година, а на 3 октомври 1992 година, се венчаа. Во бракот имаат две ќерки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!