Вие имате прво да ја знаете вистината

Колапс во Британија, бензинските пумпи без горива, Борис Џонсон ќе увезува возачи, шанса за македонските камионџии!? (видео)

Повеќе од 200 припадници на британската армија неодамна беа мобилизирани да помогнат во решавањето на британската бензинска криза предизвикана од недостаток на возачи на цистерни.

Бензинските пумпи во Велика Британија сеуште се без гориво, и покрај фактот што армијата започна со испорака на бензин во понеделникот, пренесува Анадолија.

Бен Валас, министер за одбрана на Велика Британија, минатата недела рече дека повеќе од 200 припадници на британската војска неодамна биле мобилизирани да помогнат во справувањето со британската бензинска криза предизвикана од недостаток на возачи на цистерни.

Во последниве денови, возачите низ Велика Британија формираа долги редици пред бензинските пумпи, откако трговците објавија дека не се напојуваат со гориво повеќе од седум дена.

Премиерот Борис Џонсон минатата недела рече дека ситуацијата се стабилизира. Владата на Велика Британија планира да издаде околу 5.000 визи за итни случаи за странски возачи на камиони за да ги решат проблемите со испорака пред сезоната на празници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!