Вие имате прво да ја знаете вистината

Македонскиот претседател во Атина се сретна со првата “Македонка” која е претседателка на Грција, тоа никој не го очекуваше

Овие два дена, вчера и денес, македонскиот претседател, Стево Пендаровски е во официјална посета на соседна Грција. Пендаровски беше дочекан од неговата колешка, грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу, а имаше и средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис. Тоа е прва посета на македонски претседател на Република Грција, по независноста на нашата држава.

Посетата доаѓаво еден битен историски момент за целиот регион, кога на големо изненадување на јавноста, но не и на авторот на овие редови, Грција и Мицотакис стануваат главни лобисти за Македонија. Посебно Мицотакис, да не речеме кланот Мицотакис, каде влегуваат и неговата сестра, Дора Бакојани и неговиот внук од сестра, Костас Бакојанис кој е градоначалник на Атина, избран на изборите во 2019 година.

Костас Бакојанис, кој е новата надеж на кланот Мицитакис ( еден од трите најмоќни кланови во Грција: Мицотакис кој е семејно поврзан со кланот Венизелос, Караманлис и Папандреу) и сите го гледаат како иден грчки премиер. Таткото на Бакојанис е Павлос Бакојанис, кој е убиен во својата канцеларија 1989 година од терористичката организација 17 ноември.

Бакојанис бил во неколку неофицијални посети на Македонија и во Скопје, а во моментот тој е играчот зад завесаста кој работи на американскиот план за признавање на Косово од страна на официјална Атина. Бакојанис имал една официјална и уште најмалку неколку неофицијални посети на Приштина.

Според амефриканската стратегија во блиска иднина Грција ќе го признае Косово, а потоа ќе следува и признавање на Косово од страна Кипар. Потоа ќе следува притисок на две од трите држави на ЕУ кои не го признале Косово.

Сегашната грчка претседателка е лична пријателка на Дора Бакојани и нејзин личен избор за шеф на државата. Тоа е прв претседател во грчката историја која потекнува од Македонија. Така што денес во Атина се сретнаа двајца Македонци или Македонец и Македонка според грчкото сфаќање на македонското идентитетско прашање.

Сакаралопулу доаѓа на функцијата минатата година, а пред тоа била претседателка на Совет на државата или некоја засилена верзија на нашиот Судски совет со елементи на Врховен суд. Родена е во Ставрополи кое е предградие на Солун, а потекнуваат од регионот на тракискиот дел на Егејска Македонија

Со нејзиниот избор, кланот Мицотакис, кој потрекнува од Крит, сака да ја продолжи нивната стратегија, за постоење на две Македонии, словенска и хеленска, а таа стратегија во времето на стариот Константинос Мицитакис, преку неговиот кум и екс шеф на грчките слижби, генералот Николаос Грилакис, требаше да финишира со конфедерација на Република Македонија и Хеленската демократија.

Така што посетата на Пендаровски на Атина е многу, баш многу поважна од протокална посета на соседна држава и доаѓа во периодот кога се цртаат новите сфери на влијание на Балканот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!