Вие имате прво да ја знаете вистината

Радев седна да разговара во вилата на Тито, госпожа Захариева на “апарати за дишење”, Заев: Бугарите прават голема штета

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ја истакна важноста од проширување на Унијата кон земјите од Западен Балкан на средбите со европските лидери за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во словенечкиот град Крањ.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10160000472437932

Средбите беа остварени во поранешната резиденција на маршалот Јосип Броз Тито, во Брдо кај Крањ. Понекогаш историјата толку многу знае да се пошегува со реалноста и да ги постави работите на вистинското место.

Средбата на македонскиот премиер, Зоран Заев, бугарскиот претседател, Румен Радев и лидерите на ЕУ, Ангела Меркел во заминување и Емануел Макрон, се оддржа во вилата Брдо кај Крањ.

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/pcb.10160000554242932/10160000553772932/

Можете да се присетите каква “хистерија” создаваше екс бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева дека на Макeдонија нема да и биде тргнато бугарското вето се додека не се откажиме од политиката на Тито. И денес во резиденцијата на Тито се стретнаа Заев и Радев.

Инаку, маршалот Тито пред да замине на операција во Клиничкиот Центар во Љубљана престојуваше во Брдо кај Крањ и таму ги прими на консултација врвните лекари, Дебејки од САД и Књазев од Русија. Тито планирал по операцијата на ногата тукму Брдо кај Крањ да биде неговата официјална резиденција каде ќе живее и ќе работи.

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/pcb.10160000554242932/10160000554027932/

По средбата со Радев, со Меркел и со Макрон, Заев на својот фејсбук профил напиша:

Потребен е поглед кон иднината за да се решат билатералните спорови кои влечат корени од минатото.


🇲🇰🇫🇷🇩🇪🇧🇬 Заедно со вицепремиерот Никола Димитров, имавме средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, канцеларката на СР Германија, Ангела Меркел и претседателот на Бугарија, Румен Радев, на која беше изразена посветеноста на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што беше потврден стратешкиот интерес на унијата за ова прашање.

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/pcb.10160000554242932/10160000554172932/


Им ги споделив очекувањата и јасните определби на македонските граѓани за европска иднина на Северна Македонија и дека итно се потребни европски чекори од страна на сите земји-членки на ЕУ со цел да не се дозволи разочарување на нашиот народ, а со тоа и зголемување на ризиците од засилување на ретроградните националистички струи.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10160000554242932

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!