Вие имате прво да ја знаете вистината

Што ако повторно паднат Facebook и Whatsapp? Сите станавме зависници од нив, а имаат три милијарди корисници

Проблемите со пристапот до Facebook,Whatsapp и Instagram започнаа во понеделникот во 17 часот и траеја околу 8 часа во кои корисниците увидоа колку се зависни од нив и се запрашаа-што ќе правиме сега?

Со часови немаше службено соопштение за причините, но падот се препишува на проблеми со DNS серверите.

Доколку се случи повторен пад на располагање ви стојат алтернативните апликации за комуникација Telegram и Signal.

Telegram нуди неколку интересни опции како пораки кои сами се уништуваат,ботови за гифови и слики кои може да се користат во разговорите како и испраќање на сите видови фајлови до 2ГБ без ограничувања и користење на корисничкото име наместо бројот на телефонот како додатно ниво на заштита.

Кога неодамна Илон Маск советуваше премин на апликацијата Signal,таа забележа стотици илјади преземања за неколку часа.

Signal е најсигурна апликација за комуникација која освен телефонскиот број на корисникот не знае ништо друго за него. Анонимноста останува приоритет на апликацијата.Можете да воспоставите повици кои нема да го содржат вашиот идентитет или бројот на телефон бидејќи Signal сите повици ги префрла преку својата централа која служи како своевиден ВПН (виртуелна приватна мрежа) за броевите и идентитетот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!