Вие имате прво да ја знаете вистината

Синот поради цигара ја запали својата мајка, ја фрли во када и сам се пријави во сплитската полиција: Глетката ги шокираше сите

Сплитската полицијата го спроведе во притвор 39-годишниот Бранимир Сушиќ, кој е обвинет за тешкото убиство на неговата мајка, 60-годишната Долорес В, во вторникот.

Полицијата пријавила дека тој ја запалил мајка си и свирепо ја убил.

Грозоморниот настан се случи во неделата рано наутро во семејниот стан. Синот се скарал со својата мајка поради цигара која таа отишла да ја пуши во бањата. Жената била пронајдена со изгореници во кадата. Итната помош ја повикал синот, а набргу пристигнала и полицијата, пишува Далматински портал.

Глетката што ја најдоа во бањата ги шокираше сите. Трагедијата се случила во стан на првиот кат.

Никој не може да поверува што се случи. Жената живееше со него, тој е нејзиниот постар син, а има уште еден помлад кој оваа лето заврши во затвор. Имаа проблеми со алкохолот и психата, полицијата често доаѓаше кај нив. Помладиот син беше поагресивен отколку постариот, рекоа станарите.

Денес Сушиќ е изведен пред обвинител, а претходно ќе биде прегледан од психијатар за да утврди дали е способен да расудува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!