Вие имате прво да ја знаете вистината

СКАНДАЛОТ КОЈ ЈА ТРЕСЕШЕ ИТАЛИЈА! Се појави видео од навредата на Влаховиќ: “Српски циган”! (ВИДЕО)

Помина скоро еден месец откако Душан Влаховиќ беше навреден на натпреварот помеѓу Аталанта и Фиорентина, а сега конечно се појави видео од тој момент.

Сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо остро го осуди однесувањето на навивачите.

Не ми се допадна тоа што го направија. Пред две години тие расистички го навредуваа Далберт, а оваа година Душан Влаховиќ го нарекоа „циган“ додека даваше интервју – изјави тогаш Комисо.

На Твитер се појави видео со повеќе од 5.000 обожаватели кои скандираа Влаховиќ „Сеи уно зингаро“ („Ти си циган“) и „Сербо зингаро“ (српски циган).

Влаховиќ се однесуваше како вистински професионалец, иако цело време му беше непријатно пред камерата.

Српскиот фудбалер само на сите им покажа од каде ги слуша непријателските повици, но тој не реагираше. Интересно, Серија А не поведе постапка и покрај големиот скандал по натпреварот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!