Вие имате прво да ја знаете вистината

Снимен разговорот меѓу Фергусон и Хабиб, легендарниот тренер поради Роналдо го критикуваше Солскјер (видео)

Еден од најдобрите фудбалски тренери на сите времиња, сер Алекс Фергусон, се сретна со прославениот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов, кој гостуваше на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон.

Црвените ѓаволи не успеаја да слават на Олд Трафорд, во 7 -то коло од англиската Премиер лига, а тренерот на тимот, Оле Гунар Солскјер изненади со одлуката да го започне натпреварот без Кристијано Роналдо. Португалцетот влезе во игра во 57-та минута, а на крајот екипите го поделија пленот.

Норвежанецот беше критикуван за таа одлука, а камерите на трибините на Олд Трафорд го снимија разговорот помеѓу Фергусон и Хабиб, при што легендарниот Шкотланѓанец кажа што мисли за одлуката на Солскјер.

Мислам дека еднаш кога видоа дека Роналдо не игра …“, рече Фергусон, но Дагестанецот го прекина накратко, велејќи дека влезе во второто полувреме.

Знам, но секогаш треба да се грижите за своите најдобри играчи, рече легендарниот Шкотланѓанец, а сето тоа беше протолкувано како критика на тренерот на Јунајтед.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!