Вие имате прво да ја знаете вистината

Авион се заглави на автопат под мост, камиони и автомобили возат од двете страни, никој не знае како стигнал таму, урнебесно видео

На социјалните мрежи се шири видео снимка на која се гледа како авион на Ер Индија е заглавен под пешачкиот мост на автопатот Делхи-Гуруграм, пред аеродромот во Делхи.

На авионот нема крила, па многумина се прашуваа како воопшто стигнал таму, пренесува хрватски Дневник.

Ова е стар, истрошен авион што веќе го продадовме. Новите сопственици го транспортираа во саботата навечер. Ер Индија нема никаква врска со тој авион под никакви околност, велат од авиокомпанијата.

На видеото се гледаат и возила што минуваат на едната страна од автопатот, додека се чини дека другата страна е блокирана од авион.

Од аеродромот во Делхи, рекоа дека Ер Индија нема никаква врска со овој настан, пренесува The Times of India. Претставник на аеродромот рече дека во инцидентот не бил вклучен активен авион.

Авионот сигурно не припаѓа на возниот парк на аеродромот во Делхи, а видеото исто така покажува дека е без крила. Можеби возачот донел погрешна одлука за начинот на превоз, велат од таму.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!