Вие имате прво да ја знаете вистината

НЕВЕРОЈАТНО: Родителите откриваат како прерано родено бебе преживеало благодарение на прегратките на братчето близнак!

По нивното раѓање, двете близначиња конечно се сретнаа на 22 септември и тоа беше многу емотивно за гледање.

Родителите беа пресреќни од нераскинливата врска меѓу нивните бебиња близнаци, велејќи дека нежноста на едното близначе му помогнала на нивниот предвреме роден син, кој тежел само 450 грама при раѓање, да напредува и да преживее.

Честер Грејвс беше роден предвреме, само по 28 недели од зачнувањето, на 15 јули оваа година, и тежел 450 грама, за разлика од неговиот брат Отис, кој тежел 1,36 килограми или три пати повеќе од него.

По шест недели, Отис беше пуштен од болница и сега тежи 2,72 кг, но малиот Честер кој се бореше за живот сега тежи само 1,36 кг.

Грижливите родители, Кели Грејвс (32) и нејзиниот сопруг, Били (35) од Бенфлит, Есекс, велат дека не се сомневаат дека чудесното преживување на Честер се должи на врската што тој ја има со неговиот идентичен брат близнак, Отис.

Тоа беше се на што се надевав, и без разлика како спиеше Отис, Честер беше опседнат со него и не можеше да го тргне погледот од својот брат.

Трогателните фотографии покажуваат дека близнаците лежат еден покрај друг за време на семејните посети на Честер во одделот за новороденчиња во болницата Саутенд, каде што најверојатно ќе останат уште два месеци.

Кели вели дека овие 28 недели живеат во постојана неизвесност.

Но, ние сме многу среќни што Честер е борец и што продолжува да се бори да дојде дома кај своите родители, Отис и останатото семејство и покрај се што преживеа.

Се уште е во инкубаторот каде прима кислород откако беше префрлен во нашата локална болница Саутенд.

Едвај чекаме конечно да го донесеме Честер дома. Се надеваме дека ќе го донесеме во ноември, посочи Кели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!