Вие имате прво да ја знаете вистината

Планот на Ердоган: Ќе отвори 1000 нови пазари, популарноста му паѓа, инфлацијата расте, а султанот менува гувернери како на лента

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе се обиде да ја потисне високата инфлација со отворање 1.000 нови пазари.

Тие треба да им обезбедат на граѓаните снабдување со стоки за широка потрошувачка по разумни цени.

Владата им нареди на земјоделските задруги да отворат околу 1.000 нови продажни места, чија изградба треба да започне наскоро, со цел да се снабдат граѓаните со „ефтина и квалитетна стока“ и „да се балансира пазарот“, рече Ердоган.

Наредивме да се отворат околу 1.000 вакви продажни места низ Турција, со минимална површина од 500 квадратни метри. Тоа се продажни места каде што цените се прифатливи за буџетите на нашите граѓани”, им рече Ердоган на новинарите по посетата на земјоделската кредитна заедница во Истанбул.

Фрустрирана од двоцифрената инфлација и намалената популарност, според анкетите, владата повторно почна да покажува со прсти кон супермаркетите, отворајќи неколку истраги поради сомневања за потенцијално експлоататорски цени.

Тие испратија инспекции до најголемите супермаркети поради „неразумни цени“ и „виктимизација на потрошувачите“, а отворија и истрага за цените на појадокот во рестораните во источната провинција Ван.

Потпретседателот Фуат Октај рече дека повисокото производство на храна во руралните области е клучно во борбата против цените на експлоатација.

Анкара посегна по слична мерка во 2019 година, по валутната криза и скокот на инфлацијата, отворајќи свои пазари каде што земјоделците продаваа зеленчук и овошје од сопствено производство по ниски цени.

Владата на тој начин ги избрка трговците од продажниот синџир, кои беа обвинети дека ги зголемија цените, потсетува Ројтерс.

Зголемувањето на цените на храната за речиси 30 проценти, глобалниот скок на цените на суровините и остриот пад на лирата го поддржаа зголемувањето на инфлацијата во текот на целата година. Во изминатите пет години, стапката на инфлација беше главно двоцифрена и ја еродираше куповната моќ на домаќинствата во Турција.

Аналитичарите тврдат дека инфлацијата во Турција е висока, пред се поради оштетениот кредибилитет на централната банка. Ердоган ги отпушти последните тројца гувернери поради политички несогласувања, потсетуваат тие.

Под негов притисок, централната банка неочекувано ја намали својата клучна стапка за еден процентен поен минатиот месец, на 18 проценти, намалувајќи ја вредноста на лирата на рекордно најниско ниво.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!