Вие имате прво да ја знаете вистината

Бил Гејтс во “слободен пад”, ова му се случи прв пат во последните 30 години

За прв пат во последните 30 години, ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, не е на едно од првите две места на листата на најбогатите луѓе во САД од престижниот магазин Форбс.

Иако неговото богатство се зголеми за 23 милијарди долари минатата година, тоа не беше доволно за да ги претекне Џеф Безос, Илон Маск или Марк Закерберг, кои поставија нови рекорди во заработувачката благодарение, пред се, на зголемувањето на вредноста на акциите , пишува Форбс.

Сепак, се наведува дека берзата не е единствената причина зошто Гејтс падна од второто на четвртото место за една година, туку како причина се наведува и неговиот развод, бидејќи голем дел од акциите и беа дадени на неговата поранешна сопруга

Ако Бил и Мелинда Гејтс останаа во брак, Гејтс ќе беше на третото место.

Како што е наведено, составот на богатството на Гејтс изгледа многу поинаку отколку кога првпат се појави на листата на 400 најбогати луѓе во Соединетите држави, кога Мајкрософт излезе во јавност. Гејтс во тоа време поседуваше 45 проценти од акциите на Мајкрософт и вредеше 315 милиони долари.

Следната година, зголемената цена на акциите на Мајкрософт го направи најмладиот милијардер во светот, вреден 1,25 милијарди долари на 31 година. Во 1992 година, тој стана најбогатиот човек во Соединетите држави, чие богатство беше проценето на 6,3 милијарди долари.

Откако ја напушти функцијата извршен директор на компанијата во 2000 година, неговото богатство опадна, но тој сепак беше најбогатиот во светот. Тој за прв пат падна на второто место во 2018 година, кога Безос го престигна, на крајот на 2020 година, беше надминат од Маск, а во август оваа година од Закерберг.

Меѓутоа, според Форбс, рангирањето на милијардерите е нестабилно, така што кога беше завршена конечната листа за 2021 година, Фејсбук падна, што го врати Гејтс на третото место.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!