Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали Гвардиола ќе тренира строгост? Неговата ќерка се забавува со ѕвездата на Премиер лигата

Фудбалските менаџери генерално ги држат ќерките подалеку од фудбалерите, но не може да се каже дека немаше такви случаи во минатото. Се сеќаваме само на ќерката на тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојес и фудбалерот Вилфред Заха, а сега и Пеп Гвардиола се соочува со истиот проблем.

Имено, ќерката на менаџерот на Сити, Марија Гвардиола, се забавува со ѕвездата на Тотенхем, Деле Али. Марија е прво дете на Пеп Гвардиола, а Деле Али имаше долга врска со манекенката Руби Меј, која го обвини дека не и обрнувал внимание затоа што цел ден игра Fortnight.

Романсата сега се разви во врска со Марија Гвардиола, и покажување нежности во популарниот ресторан Новиков. Откако започнаа со оние стандардни изјави дека се пријатели, тие веќе не ја кријат својата врска.

Инаку, Марија студира и таа живее на релација Шпанија – Англија, но се чини дека тоа не е пречка за романса со англискиот репрезентативец.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!