Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали имаме “црн петок” за фејсбук и инстаграм: Пак паднаа! Се огласија од компанијата со солза во окото, штетите се мерат во милијарди

Корисниците на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук повторно имаат проблем со објавување и освежување на страниците.

Овие две социјални мрежи повторно имаат проблеми со работата, само неколку дена кога апликациите не работеа неколку часа.

Компанијата Фејсбук преку својот Твитер профил изјави дека се „свесни дека корисниците имаат проблеми со пристапот до апликациите“.

Работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро, се извинуваме“, велат од компанијата.

Во оваа прилика, се огласи и Твитер профилот на Инстаграм.

„Знаеме дека некои од вас имаат проблеми со Инстаграм, работиме на решавање на проблемот“, рекоа тие, ставајќи емотикон на солза на својата објава.

Бројот на извештаи на страницата „Даундетектор“ полека се намалуваше во врска со проблемите што ги доживеаја корисниците вечерва, но сега бројот на пријави повторно се искачи на над 34.000.

И покрај ова, разни корисници на Твитер наведуваат дека моментално непознатите проблеми со Инстаграм полека се решаваат, бидејќи на некои од нив апликацијата работи.

Да потсетиме, корисниците ширум светот во текот на денот се пожалија дека имаат проблеми со пристапот до Фејсбук и други социјални мрежи. На страницата на Downdetector можеа да се видат голем број извештаи за проблеми со пристап до Фејсбук, Ватсап, Инстаграм и Фејсбук Месинџер, и овие проблеми траеја со часови

Засега не е познато зошто повторно настана прекинот, како и кога ќе се реши овој дефект.

Најлошиот пад во историјата на Фејсбук и неговите платформи остави речиси три милијарди корисници без можност да се поврзат со своите профили.

Американските медиуми објавија дека последиците од падот на мрежите биле огромни. Колапсот ја чинеше компанијата 164.000 долари приход за една минута, додека падот на акциите ја избриша пазарната капитализација за повеќе од 40 милијарди долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!