Вие имате прво да ја знаете вистината

Украински политичар почина во такси, беше обвинет за корупција, ќе се прави обдукција да се утврди причината за смртта

Украинскиот пратеник Антон Полјаков кој беше вклучен во истрагата за корупција во одбранбениот сектор, почина утрово во такси откако му се слоши, објави полицијата.

Извор од полицијата наведува дека е наредена обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта на пратеникот Полјаков.

Полјаков беше независен пратеник, откако беше избран за член на владеачката партија Слуга на народот.

Полицијата прелиминарно утврди дека на Полјаков му се слошило во таксито и лекарите од Брзата помош се обиделе да го реанимираат, но тој бил прогласен за мртов на лице место – се наведува во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!