Вие имате прво да ја знаете вистината

Прогноза на српскиот премиер: Пандемијата ќе престане или кога сите ќе се заразиме или кога сите ќе се вакцинираме

Благодарение на вакцинацијата, Србија денес нема најтешка епидемиолошка состојба во регионот, но мерките не можат да бидат исти кога ја имате вакцината и кога ја немате, бидејќи тоа би значело дека не верувате во вакцинација, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа за РТС изјави дека сега има помалку луѓе во болниците низ целата земја, иако Србија има до 8.000 заразени дневно отколку кога имало 5.000 до 6.000.

Пандемијата ќе заврши на два начина – или кога сите ќе се заразиме или кога сите ќе се вакцинираме, рече српскиот премиер.

Таа процени дека евентуално построгите мерки привремено ќе доведат до пад на бројот на заразени, но олеснувањето на мерките повторно ќе доведе до зголемување на бројот на заразените и дополнителен притисок врз болниците.

Во последните 24 часа, Србија пријави 49 смртни случаи од ковид-19 и 6.401 нови случаи на инфекција меѓу 21.119 тестирани примероци. Просечниот број на новозаразени во однос на бројот на тестирани во последните неколку дена е приближно три спрема еден.

Во петокот имаше 6.584 пациенти на болничко лекување, а 279 на респиратори.

Од појавата на пандемијата на 6 март минатата година, тестирани се 5.819.214 примероци, потврдени се 994.708 случаи на инфекција, а официјално се пријавени 8.631 смртни случаи поврзани со ковид-19.

Стапката на смртност благо опаѓа, а со денешните бројки е 0,87.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!