Вие имате прво да ја знаете вистината

Климе дај друго дете: Мути Меркел го пушти низ вода својот наследник на чело на партијата, Армин Лашет е како листопадно дрво

Лидерот на германските конзервативци, Армин Лашет, денеска објави дека поднесува оставка од чело на ЦДУ, по катастрофалните резултати на изборите во септември, кога беше кандидат за канцелар на десно-центристичката коалиција.

Ние брзо ќе се справиме со прашањето за новиот тим на ЦДУ – рече тој во Берлин.

Помалку од една година откако ја презеде функцијата лидер на партијата од Ангела Меркел, Лашет рече дека ќе побара конгрес на демохристијаните за да се одлучи за иднината и реорганизација на раководството.

Од повлекувањето на Ангела Меркел од претседателската функција, постојано разговаравме за насоката на партијата – додаде тој.

Билд известува дека конгресот треба да се одржи во првата половина на декември во Дрезден. Гласачите го сметаат Армин Лашет најодговорен за најлошиот изборен резултат што конзервативците го постигнале во историјата на модерна Германија.

Во анкетите, огромното мнозинство смета дека Лашет, како кандидат на партијата што не освои најмногу гласови на изборите, не може да биде канцелар и да добие мандат за формирање влада.

На парламентарните избори на 26 септември, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освои најмногу гласови, потоа Унијата ЦДУ / ЦСУ со 24,1 проценти, Зелените со 14,8 проценти и Либералите со 11,5 проценти.

Во четвртокот започнаа преговорите меѓу СПД, Партијата на зелените и Либерално -демократската партија (ФДП) за формирање коалициска влада предводена од кандидатот на СДП за канцелар, Олаф Шолц.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!