Вие имате прво да ја знаете вистината

Нов скандал на Доналд Трамп, фатен со рацете во медот, компанија изгубила 70 милиони долари

Компанијата на Доналд Трамп загуби повеќе од 70 милиони долари во бизнисот со управувањето со својот хотел во Вашингтон, што во еден момент го принуди поранешниот американски претседател да побара од Дојче банка да го одложи плаќањето на заемот, се наведува во документите објавени денес од Комитетот за надзор и реформи на Претставничкиот дом на Конгресот задолжен за истражување на работењето на поранешниот претседател.

Комитетот рече дека финансиските извештаи што ги добиле покажуваат дека загубите се реализирани и покрај сумата од 3,7 милиони долари уплати од странски влади, кои се трансакции за кои правните експерти велат дека Трамп требало да ги отфрли бидејќи претставуваат конфликт на интерес со неговата функција како претседател.

Одложувањето на заемот од страна на Дојче банк за компанијата на Трамп беше „непријавен преференцијален третман“ што претседателот требаше да го пријави, бидејќи банката има значајни работи во Соединетите држави, се вели во писмото на Комитетот до Управата за општи работи (ГСА), владина агенција во Вашингтон, која е надлежна за хотелот што федералната влада го изнајмува на организацијата на Трамп.

Комитетот рече дека документите отвораат нови и вознемирувачки прашања во врска со работата околу закупот на поранешниот претседател Трамп со ГСА и способноста на агенцијата да управува со судирот на интереси на поранешниот претседател за време на неговиот мандат, кога тој ефективно беше од двете страни на договорот, како сопственик и закупец.

Трамп се обидува да го продаде хотелот во американската престолнина од 2019 година, но досега немаше заинтересирани купувачи, наведува Асошиејтед прес.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!