Вие имате прво да ја знаете вистината

‘Ржат не се држат, за малку ќе се имаше тепачка во тунелот, тимовите на Фјури и Вајлдер имаа увертира пред вечерашната борба

Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер се сретнаа за последен пат пред вечерашната борба за светската титула во тешка категорија (ВБЦ), а по официјалното мерење, во тунелот го продолжија она што го започнаа на прес -конференцијата пред два дена.

Имаше пцовки и од двете страни, во кавгата се вклучија и членовите на тимот, а обезбедувањето имаше работа.

Фјури има голема предност во тежината, тежок 125,65 килограми, додека Вајлдер тежи 107,95 килограми.

Тоа ќе биде трет дуел помеѓу Фјури и Вајлдер. Првиот заврши нерешено, а во вториот победи Фјури.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!