Курц е пуштен низ Дунав, еве кој ќе биде нов канцелар на Австрија: Роден е во Швајцарија, растел во Индија, студирал во Париз и има четири деца
Австрискиот канцелар Себастијан Курц вечерва поднесе оставка, а за свој наследник и за нов канцелар го предложи Александар Шаленберг.
Александар Шаленберг (52) е австриски дипломат, правник и политичар.
Од 2019 година, тој беше министер за надворешни работи во владата на канцеларот Себастијан Курц.
Александар Шалленберг е роден во 1969 година во Берн. Како син на австриски амбасадор, тој израснал во Индија, Шпанија и Франција. Од 1989 до 1994 година студирал право на Универзитетот во Виена и во Париз. По дипломирањето, ги продолжил студиите на Европскиот колеџ до 1995 година.

Во 1997 година, Шалленберг влезе во австриското Министерство за надворешни работи. На 3 јуни 2019 година, Шаленберг ја наследи Карин Кнајсел како министер за надворешни работи на Австрија. Тој ја задржа својата позиција и во вториот кабинет на Себастијан Курц.
Тој е разведен и татко е на четири деца.
Потсетуваме, Себастијан Курц вечерва поднесе оставка и рече дека ќе биде шеф на парламентарниот клуб ОВП.