Вие имате прво да ја знаете вистината

Прекинат е воздушниот сообраќај, се пренасочуваат сите летови, не се гледа прст пред око, вулканот фрла пепел до небо (видео)

Пепел од вулканот Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма денеска го прекина воздушниот сообраќај на соседниот остров Тенерифе, иако условите се подобрија подоцна во текот на денот.

Северниот аеродром во Тенерифе беше отворен и авионите можеа безбедно да слетаат и полетаат, но неколку летови беа откажани или пренасочени кон јужниот терминал, објави шпанската авиокомпанија АЕНА.

Аеродромот Ла Палма е затворен од четвртокот, а локалната авиокомпанија ги откажа услугите кон и од северниот аеродром Тенерифе во текот на денот и ги пренасочи летовите на југ.

Попладнево беше објавено дека работата ќе продолжи во однос на подобрувањето на метеоролошките услови, а АЕНА исто така потврди дека неколку авиони слетале откако состојбата со вулканскиот пепел се подобрила.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!