Вие имате прво да ја знаете вистината

Горат социјалните мрежи, скандал со фудбалерот на Рома: Мурињо ќе “шмркаме” вечерва (видео)

На повидок е голем скандал во Рома! Имено, фудбалерот на римскиот клуб, Никола Залевски, се појавува во видео кое стана вирално на социјалните мрежи и го прикажува со пријател, инаку познат рапер, кој по се изгледа (ни) сугерира дека ќе консумира кокаин.

Ви ја кажувам вистината, овој пријател вечерва ќе шмрка. Мурињо, шмркаме вечерва, го правиме тоа, рече познатиот италијански рапер Зеп Дембо.

Видеото траеше само неколку секунди и брзо беше тргнато од Инстаграмот на Зепа Демба. Сепак, стана вирално на другите социјални мрежи, а како што пренесува Calciomercato.com, видеото го виделе и челниците на Рома.

Останува да видиме дали младиот Полјак разбрал што рекол неговиот пријател, но според истиот извештај, Рома лесно би можела да го казни својот фудбалер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!