Вие имате прво да ја знаете вистината

Америте и Талибаните на иста маса во Доха, прва средба по колапсот на Авганистан како кула од карти

Делегација на американски претставници ќе се сретне со талибанските претставници во Доха , Катар викендов, објави Аксиос, повикувајќи се на портпарол на Стејт департментот.

Состанокот ќе ја означи првата средба лице в лице меѓу двете земји откако американските војници се повлекоа од Авганистан во август.

Приоритет за Вашингтон е да се осигура дека Талибанците ќе им дозволат на Американците безбедно да го напуштат Авганистан и ќе ги повика Талибанците да не дозволат Ал Каеда или други екстремисти да користат авганистанска почва за да им се закануваат на САД, според анализата на Аксиос.

САД и Талибанците ќе разговараат за можноста за отворање амбасада во Вашингтон во Кабул , објави во саботата Спутник, повикувајќи се на извор во организацијата.

Продолжувањето на работата на американската амбасада, укинувањето на санкциите и формирањето инклузивна влада ќе бидат на дневен ред, рече изворо близок до медиумот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!