Вие имате прво да ја знаете вистината

Актерки кои се здебелиле до непрепознатливост поради филмските улоги, на каква “диета” биле ставени за да качат килограми? (фото)

Посветеноста и професионализмот се важни квалитети на најголемите актери. Многу од нив се подготвени за големи трансформации со цел што подобро да се внесат во улогата, а ова се некои од порадикалните промени кај холивудските актерки.

Таа имаше 45 килограми тежок костум и изгледаше непрепознатливо. 52 -годишната Рене Зелвегер ја играше Пем во The Thing About Pam, Американка која отслужува доживотна казна за убиство.

За среќа, таа не мораше да качува килограми за оваа улога, како што тоа го направи со улогата на Бриџит Џонс. Јадеше што сака, а се здебели 15 килограми потребни за улогата на заљубена сонувачка, што и донесе номинација за Оскар.

https://www.instagram.com/p/CUqsegHBudI/?utm_source=ig_embed&ig_rid=71db3295-a04e-4235-b210-38cc50ba2d8b

Кога ќе се изгаснеа камерите, Рене држеше хамбургер во едната рака додека со другата со гестикулации комуницираше со колегите.

Се плашев дека тие килограми ќе исчезнат, особено затоа што се трудевме многу, рече таа тогаш.

Откако заврши снимањето, ја прекина исхраната со 4.000 калории дневно и почна редовно да вежба, а многу брзо ослабе.

https://www.instagram.com/p/CUfKbtdq-Rz/?utm_source=ig_embed&ig_rid=a5d7ae0b-bf8a-4879-a785-babce2179911

Шарлиз Терон (46) со улогата во филмот Чудовиште им докажа на сите дека не е само убаво лице. За улогата на сериски убиец, Ајлен Вуорнос се здебели преку 14 килограми, со што потврди колку всушност била посветена на улогата.

Нејзината исхрана се состоеше од крофни и чипс. Ова беше прва улога од ваков вид, и таа изјави дека нејзината цел не е да биде дебела, туку да се навикне на начинот на живот што го негува Вуорнос.

https://www.instagram.com/p/CR3CjAxszJy/?utm_source=ig_embed&ig_rid=690bfed0-b03f-4993-b135-aa222adea533

Во искрено интервју пред неколку години, Гвинет Палтроу (49) се присети колку беше тешко да ги промени нејзините животни навики поради улогата во филмот „Country Strong“ кога требаше да се здебели околу 10 килограми.

Најлошото нешто е што морав да прекинам со тренинзи. Прво ме фати паника, па тајно вежбав, но секако дека лажев за тоа. Моето тело се распадна, кога завршив со снимањето на филмот имав многу проблеми со сето тоа, рече таа.

https://www.instagram.com/p/CKo3BtjHiIo/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!