Вие имате прво да ја знаете вистината

“Го имаме името на човекот”: Како функционираше шпионирањето на Вучиќ, тајно му поставија камери пред вилата

За незаконското прислушување на српскиот претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, бил развиен цел систем во кој биле вклучени одредени лица од врвот на Дирекцијата за криминалистичка полиција, под директна контрола на Дијана Хркаловиќ.

Имињата на овие лица, како и целосниот материјал, се доставени до надлежното обвинителство, кое многу брзо треба да излезе со одлука за официјално започнување на истрагата. Дека се знае кој го наредил овој незаконски чин, неодамна потврди и српскиот министер за полиција, Александар Вулин, додавајќи дека не сака да го открие името се додека обвинителството не го заврши својот дел од работата:

Го знаеме името на човекот кој го разви системот за прислушување на Александар Вучиќ. Познато е и кој го нарачал тоа и кому му биле испратени извештаите.

Собирањето информации за незаконското прислушување, како дел од предистрагата, започна пред речиси една година, поточно во декември минатата година, кога Вулин формираше работна група која ќе го испита целиот случај.

Прислушкувањето на српскиот претседател Вучиќ, неговиот син Данило, братот Андреј и таткото Анѓелко се правело многу перфидно. Нивните телефони не беа директно ставени во мерките, бидејќи тоа ќе ја предупредело БИА и другите служби задолжени за заштита на заштитените лица.

Луѓето кои имале каков било контакт со Вучиќ и неговото семејство биле намерно избрани. За такво лице, ќе се измислеше сомневање за наводно кривично дело и ќе се побараше согласност од судијата на претходна постапка, за истото да биде ставено под мерки за таен надзор. Судијата обично потпишуваше таква наредба и прислушкувањето можеше да започне, наведува изворот на Новости.

Овој начин на работа траеше со месеци и беа снимени повеќе од 660 минути прислушувани разговори.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е јасно дека бил прислушкуван и дека некој сакал да го вклучи неговиот брат во случајот Јовањица.

На крајот на краиштата, јасно е дека сум бил незаконски прислушуван најмалку 1.882 пати, како и фактот дека некој сакаше да го вовлече мојот брат целосно невин во случајот Јовањица и да го претстави мојот син како криминалец. Целта им беше да ме доведат до тоа да се тргнам од власта.

Освен слушањето на телефоните, биле поставени камери во близина на вилата Бокељка, каде работните состаноци ги одржува шефот на српската држава. Имено, никој од српското МВР не ја известил службата на српскиот претседател дека инсталираат видео надзор, но подоцна, кога се излезе на виделина, се правдаа дека тоа е направено со цел да се подобри неговата безбедност.

Имаме основано сомневање дека сакале да го следат секој чекор на претседателот, со надеж дека ќе снимаат нешто со што подоцна би можеле да го уценуваат, велат извори блиски на истрагата за српските медиуми.

Набргу по откритието, тие камери беа демонтирани.

Новости пишуваат дека актуелниот министер за одбрана, Небојша Стефановиќ, во наредните денови треба да биде сослушан за сите детали поврзани со аферите Прислушкување и Јовањица што избија додека тој беше шеф на Министерството за внатрешни работи.

Се очекува тој да им каже на истражните органи каква била неговата врска со луѓето за кои постои оправдано сомневање дека ги создале и извеле споменатите две дејствија, а за кои подоцна беше утврдено дека требале да доведат до апсење на братот на Вучиќ и негово заминување од власт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!