Вие имате прво да ја знаете вистината

Има 50 години, три деца и неверојатна животна приказна: Запознајте ја најубавата политичарка (фото)

Шкотската политичарка Мишел Мон изгледа како вистинска бомба! Мишел има 50 години и има три деца, а нејзината животна приказна е невообичаена – таа стекна богатство благодарение на нејзиниот изум, а потоа отиде во политички води.

Родена е во 1971 година како Мишел Џорџина Алан во Глазгов, и ја започна својата кариера во маркетинг. Таа беше отпуштена како технолошки вишок и призна дека повремено лажела малку во биографијата за да ги зголеми шансите за работа.

https://www.instagram.com/p/CUxKzXNN-Sj/?utm_medium=copy_link&fbclid=IwAR3Px1km5Mo4noGwroV7tKTcJ-XZxC7Y_22lAu_CYdiszjHUb9Q2OsTVWSE

На една фенси вечера, Мишел носеше фустан без прерамки и градник и се чуствуваше ужасно непријатно. Почна да размислува, како може да го реши овој проблем? Истражувала разни додатоци и патенти за силиконски материјали и започнала сопствен бизнис за дизајн на долна облека. Со нејзиниот тогашен сопруг, Мајкл Мур, ја основа сега познатата компанија Ултимо.

Мишел и Мајкл се венчаа кога таа имаше само 19 години и се разведоа по 20 години брак и три деца.

https://www.instagram.com/p/CUz-vHHtj7v/?utm_medium=copy_link&fbclid=IwAR05OLAspEnNbebKMLtXJIAM0Ni5cZ7w80XTZoldhX-zumPo8zYwrvZHzcE

Политичката кариера ја започна со поддршка на лабуристите, за да се премисли во 2009 година. Таа повремено даваше интервјуа во весници посветени на економијата во кои остро зборуваше за политичарите во Обединетото Кралство и нивните постапки поврзани со парите.

Канцеларијата на британскиот премиер ја покани да биде консултант за претприемништво во 2015 година, што ги разбесни многумина, но штом влезе во Домот на лордовите на британскиот парламент, таа им рече на сите – колку повеќе ме спуштаат, толку повеќе се кревам!

https://www.instagram.com/p/CUpavVBscIC/?utm_medium=copy_link&fbclid=IwAR3yjXQ9y2kJTgV-5dVvoTZ27oTYwgiKON1H1YWc4myjpncQ_-X0PpCEAsw

Викендов го слави својот 50 -ти роденден и им се пофали со фотографиите на своите придружници.

Пред десет години бев тажна и несреќна. Денес славам на вечера со пријателите. Десет години подоцна, никогаш не сум бил посреќен и поздрава. Ја живеам најдобрата верзија на животот и навистина верувам дека вистинската среќа доаѓа со годините, рече таа.

https://www.instagram.com/p/CUkkIo3t1hw/?utm_medium=copy_link&fbclid=IwAR0vtzhCqW0K2-_uSHCxA-UJZKGHrmDpKMyUDTDk2vn1FSU4kulCUER37dk

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!