Вие имате прво да ја знаете вистината

Мајка ги потроши собраните пари за своето болно дете, одбила да го лечи и тоа починало

Жупаниското државно обвинителство во Велика Горица поднесе обвинение против 34-годишна жена која е обвинета за грубо кршење на правата на детето како мајка, а исто така е обвинета и за кривично дело затајување.

Како што објави жупаниското државното обвинителство во Велика Горица, таа со обвинението се терети дека како мајка и законски застапник, од 24 јануари 2019 до 2 мај 2019 година во Загреб, грубо ги повредила правата на детето и како резултат на тоа е предизвикана негова смрт во Загреб.

Таа е обвинета дека, и покрај тоа што постојано била информирана од докторот за природата на болеста и можните штетни последици од нелечењето, свесна за нејзините постапки за здравјето и животот на детето и согласувајќи се со сите последици, таа одбила да го однесе детето докторот и да биде подложено на понатамошни терапевтски процедури и третман на лекување, што предизвика брза прогресија и влошување на болеста и смрт на детето.

Обвинетата исто така се терети дека од 8 август 2018 година до 23 мај 2019 година во Загреб, за време на медиумска хуманитарна акција за потребите на третманот на детето, отворила банкарски сметки на име на детето во кои разни донатори платиле вкупно 985.830,00 куни, околу 131 илјади евра, собрани исклучиво за лекување на детето.

Од таа сума таа потрошила 422.546,00 куни за лични потреби, според веб-страницата на ЖДО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!