Вие имате прво да ја знаете вистината

Ќе им платат по 250 евра за да се отселат од дома: Сега живеат со родителите иако имаат по 30 години, планот е да се забрза тој процес

Шпанија планира да понуди 250 евра месечно како поттик за младите да се оддалечат од своите родители. Шпанскиот претседател Педро Санчез го претстави предлогот во вторникот како дел од буџетот за 2022 година.

Младите на возраст од 18 до 35 години, кои заработуваат помалку од 23.725 евра годишно, ќе имаат право на овој месечен бонус, во случај парламентот да го прифати предлогот, пишува CNBC.

Тука зборуваме за правично економско закрепнување, а тоа значи да се обезбеди што е можно поголем пристап до покривот над главата, особено за оние кои се најранливи, како што се младите, рече Санчез.

Податоците на Евростат за 2020 година покажуваат дека луѓето во Шпанија се отселуваат од семејниот дом на просечна возраст од околу 30 години, што е четири години повеќе од просекот на ЕУ.

Во извештајот на Брукингс, тинк -тенк организација од Соединетите држави, во април се наведува дека поради големата пристрасност кон сопствениот недвижен имот во Шпанија дека само едно од четири домаќинства во земјата одлучуваат да ги издаваат своите куќи или станови.

Меѓутоа, во извештајот се наведува и дека има постепено зголемување на висината на кириите, бидејќи неизвесностите поврзани со вработувањето и ниските плати ги спречуваат младите да купуваат станови, како и поголема претпазливост на банките кога нудат хипотеки.

Според податоците објавени од Еуростат, еднособен стан во шпанската престолнина Мадрид, во 2020 година, чинел околу 1.000 евра за изнајмување. Одделни податоци покажуваат дека минатата година, едно лице без семејство во Шпанија заработило околу 21.241 евра, што е под просекот на ЕУ (24.005 евра).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!