Вие имате прво да ја знаете вистината

Неподвижен со количка го однесоа во болница, дали е загрозен неговиот живот, хоспитализиран чешкиот претседател (видео)

Претседателот на Чешката Република Милош Земан е сместен на одделот за интензивна нега, а дијагнозата нема да биде објавена без негова согласност, изјави директорот на болницата и докторот на претседателот Мирослав Заворал.

Сепак, беа објавени фотографии и видео на кои се гледа како Милош Земан не се движи додека бил пренесен во болница во инвалидска количка.

Според медиумите, неговата сопруга и ќерка пристигнале во болницата набргу по Земан.

Претходно во неделата беше објавено дека Земан бил примен во Централната воена болница во Прага.

Земан (77) веќе беше хоспитализиран кон средината на септември. Потоа поминал осум дена во болница.

Претседателот на Чешка боледува од дијабетична невропатија во стапалата, поради што неодамна почна да користи инвалидска количка.

Претседателот на Чешка, Милош Земан, беше пренесен во болница во Прага, еден ден откако неговиот сојузник, премиерот и милијардер Андреј Бабиш, беше тесно поразен на изборите.

Тој ја обавува претседателската функција од 2013 година, а беше чешки премиер од 1998 до 2002 година. Според медиумите боледува од дијабетес и често користи инвалидска количка поради невропатија. 

Земан е првиот чешки претседател кој беше избран двапати директно од народот по измената на уставот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!