Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова овошје е спас за многу болести! Го зајакнува имунитетот и ја подобрува крвната слика

Дуњата е многу здраво овошје, кое се користи со децении, и е полно со витамини. Познато е како овошје кое може да помогне при кашлање и болки во стомакот.

Семето и лисјата се лековити, но исто така и самиот плод. Дуњата може да се јаде свежа, но може да се направат сокови, компоти и сирупи кои се подеднакво ефикасни во елиминирање на многу здравствени проблеми.

Овошјето од дуња е богато со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимонот, потоа витамини Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Семето од дуња е најважно бидејќи се користи за правење чај. Семето се смета за најлековито. Кога се оставаат во вода, семето ослободува слуз што ги решава проблемите со кашлица и го чисти респираторниот систем. Покрај тоа, тие содржат големи количини амигдалин, или витамин Б17, кој има антиканцерогени ефекти. Семињата се богати и со маснотии, танин, пектин, шеќери, емулзии и протиди.

Благодарение на танинот и слузот, дуњите имаат корисен ефект врз работата на цревата и спречуваат заразни болести. Пектинот има корисен ефект врз крвниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење.

Сокот од дуња може да излечи кашлица, астма и дијареа, додека печена или варена дуња се препорачува за анемични луѓе, но и за лекување на воспаление на гастричната и цревната слузница. Исто така, може да помогне при тешка менструација.

Подготовка на сок од дуња:

Измијте и ситно изрендајте килограм дуња, а потоа процедете ги преку газа. Пијте го сокот веднаш бидејќи брзо се оксидира. Најдобро е да се пие пред јадење.

Подготовка на чај од дуња:

Истурете зовриена вода врз семето од дуња, оставете да отстои неколку минути и потоа испијте го.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!