Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали ви е тешко да се разбудите кога времето ќе залади? Не се грижете, тоа е поради два хормони, а еве како да си олесните

Дали ви е тешко да се разбудите, да го напуштите топлиот кревет штом ќе започне студеното време? Се ближи периодот кога деновите ќе бидат се пократки, а тоа е докажано дека влијае на нашиот сон.

Д -р Сузан Ловел објасни дека нашите хормони имаат врска со овој временски циклус и прецизираше зошто е тешко да се разбудите штом ќе започне есента.

Спиеме поради влијанието на хормоните, и многумина не знаат како се однесуваат едни кон други. Кортизолот и мелатонинот се клучните играчи во оваа приказна, објасни таа.

Повеќето луѓе знаат за кортизол, хормон поврзан со стрес кој не одржува будни, активни и свесни во текот на денот. Мелатонин, од друга страна, го смирува мозокот и ни овозможува да се смириме, да се релаксираме и да заспиеме, вели таа.

Тука настанува проблемот, мелатонинот се ослободува кога е темно, а кортизолот сака бучава и светлина. Кога се будиме и надвор е уште релативно темно, телото не го ослободува хормонот неопходен за будење.

Затоа многу ни се допаѓа кога излегуваме надвор на светлина а тоа природно ќе го зголеми лачењето на кортизол и ќе ја елиминира поспаноста и бавноста.

Што помага? Разбудете ја секрецијата на хормонот на вештачки начин. Вклучете го светлото, почнете да се движите, пуштајте музика, туширајте се …

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!