Вие имате прво да ја знаете вистината

Жестоки судири во Рим, демонстрантите за малку ќе влезеа кај премиерот, полицијата користеше водени топови и солзавец (видео)

Илјадници демонстранти маршираа низ главните улици во Рим, од кои многумина се судрија со полицијата.

Околу 10.000 луѓе учествуваа на протестниот марш во центарот на Рим за да го изразат своето противење за воведување на задолжителни ковид пропусници од 15 октомври. Протестите во Рим беа обележани со жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата, која употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата.

Причината за протестот е владиниот декрет со кој се бара вакцинација или нови ПЦР тестови за вработените да можат да одат на работа оваа недела.

Сертификатот за вакцинација во Италија, познат како зелена карта, ќе важи од 15 октомври за државните и приватните компании, потсетува АП.

Демонстрантите одржаа бучен, но одобрен протест на Пјаца дел Пополо, а по напуштањето на големиот плоштад, дојде до конфликт со полицијата, кога поминуваа низ блискиот парк Вила Боргезе и преку Виа Венето.

Полицијата со помош на штитови и пендреци ги блокираше демонстрантите да поминат низ улицата во близина на премиерот Мерио Драги, но групата успеа да се пробие и речиси стигна до премиерската канцеларија.

Тогаш полицијата употреби водени топови, формираше линија на одбрана и ги одби демонстрантите да влезат во седиштето на италијанската влада.

Државната телевизија РАИ наведе дека имало околу 10.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека имало најмалку 100.000 присутни на демонстрациите, а најмалку едно лице е повредено.

Меѓу демонстрантите беа членови на екстремно десничарската група Форца Нуова, објавија РАИ и Кориериере дела сера.

Денеска беа одржани повеќе протести против зелените пропусници во Италија, вклучително во Милано и Тренто.

Во Италија, до денес, певеќе од 80 проценти од луѓето на возраст над 12 години се ревакцинирани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!