Вие имате прво да ја знаете вистината

Се појави Том Круз со синот, на големо изненадување на јавноста (видео)

Том Круз ги изненади љубителите на спортот, во саботата вечерта, кога се појави со својот син Конор на бејзбол натпревар во Сан Франциско.

Актерот заедно со синот Конор (26), кој живее во Флорида, присутвуваа на натпреварот меѓу Giants и Dodgers.

Фотографиите и снимките што беа споделени на Интернет покажуваат дека Том Круз бил добро расположен, и одвоил време да ги поздрави обожавателите.

На прашањето на спортската новинарка Ејми Гутиерез кој тим го поддржува , Том дипломатски одговори: Јас сум обожавател на бејзбол.

Патем, ова е ретка ситуација во која Том и Конор се гледаат заедно во јавностa, и покрај фактот дека се тесно поврзани. Том ги посвои Конор и неговата постара сестра Бела за време на неговиот 11-годишен брак со Никол Кидман.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!