Вие имате прво да ја знаете вистината

Три причини поради кои морате да ја посетите Прага, едната од нив е ремек дело

Прага се смета за град, кој може да се пофали со најдобро сочуваниот стар дел. Поради своето културно богатство е наречена Златна Прага.

Покрај тоа што е главен град, Прага е и најголемиот град во Чешка.

Кој ќе се најде во овој град, останува фасциниран пред се од неговата архитектура, односно добро сочуваното старо јадро. Атракција во Прага има повеќе од доволно. Дури и ако шетате само низ стариот дел на градот, ќе биде доволно да ве маѓепса и да ве направи среќни да се вратите повторно.

Во текот на последната деценија од минатиот век, модерна и необична зграда беше подигната на бреговите на реката Влтава во Прага.

И иако постојат спротивставени мислења за работата на американскиот архитект Френк Гери во врска со ова модерно чудо, зградата комбинира неколку архитектонски стилови и го привлекува вниманието на туристите, особено оние кои се љубители на модерен дизајн.

Карлов мост

Еден од најпознатите симболи на Прага, Карловиот мост е изграден во почетокот на 15 век, со цел да го замени претходниот, Јудитин мост кој бил оштетен од поплави, па на негово место бил изграден нов, постабилен, кој преживеал до денес.

Широк е скоро 10 метри и долг 621 метри. Се карактеризира со сводови, дури 16 од нив и кули кои се сметаат за еден вид заштита и се наоѓаат на двете страни. На мостот може да се видат и статуи, поставени таму на почетокот на 18 век. Поточно, денес сите тие се реплики на поранешни статуи, додека оригиналните се чуваат во Националниот музеј.

Златна улица

Улица сместена во непосредна близина на Прашкиот замок, во која духот на градот е можеби прикажан на најдобар можен начин.

Малите шарени куќи што ја красат Златната улица во голема мера ја надополнуваат атмосферата. Интересно е што некои од нив се изградени во 16 век.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!