Вие имате прво да ја знаете вистината

Инстаграм ќе воведе функција-одмори се. Дали тоа ќе ги натера тинејџерите да прават пауза од “плакнењето очи” на инста!?

Фејсбук се обидува да ја подобри својата репутација, по сведочењето на свиркачот Френсис Хауген, а тоа вклучува ветувања за опции со кои ќе се намали потенцијалната психолошка штета за тинејџерите.

Си-Ен-Ен и Ројтерс пренесуваат дека потпретседателот на Фејсбук за глобални прашања Ник Клег ветил дека Инстаграм ќе воведе функција „одмори се“, што би ги поттикнало тинејџерите едноставно да престанат да ја користат социјалната мрежа некое време.

Клег не кажа тоа кога ќе биде во функција, но ова очигледно треба да ја намали претераната зависност кај младите.

Извршниот директор на социјалната мрежа, исто така, рече дека Фејсбук, ќе ги оттурне тинејџерите од материјалот во своите апликации кој можеби не придонесува за нивната благосостојба. Тој не даде детали за овој нов пристап.

Новите методи би можеле да решат некои од проблемите наведени од свиркачот Хауген. Таа тврди дека Фејсбук бил свесен дека неговите алгоритми се деструктивни, што ги води децата до штетни материјали и отстрануваат само дел од говорот на омраза.

Во исто време, ова може да не ги задоволи Хауген и другите критичари на компанијата. Тоа може да ја намали изложеноста на штетната содржина, но нема да ја отстранат таа содржина од социјалната мрежа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!