Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали ќе експлодира “бомба” на Косово: Легендарниот Бразилец Роберто Карлос прв кандидат за селектор!?

Легендарниот бразилски фудбалер и еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, Роберто Карлос, е првиот кандидат да ја преземе репрезентацијата на Фудбалскиот сојуз на Косово.

Според медиумите во Приштина, преговорите започнале, а за славниот лев бек, ова би било прв тренерски ангажман од 2015 година, кога го водеше индискиот Делхи Динамос.

На почетокот на тренерската кариера, Карлос седеше на клупите на турските клубови Сивас и Ахисар. Како играч, тој стана познат во дресот на Реал Мадрид, за кој забележа најмногу настапи од сите тимови каде што играше. За репрезентацијата на Бразил забележа 125 натпревари и постигна 11 голови. Тој беше познат по своите голови од слободен удар.

Да потсетиме, селекцијата на Косово го отпушти Швајцарецот Бернард Шаландс по слабите резултати во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. Во претходните два дуели беа поразени во Шведска, а потоа и дома од Грузија.

Освен Карлос, како кандидати за клупата на селекцијата на Косово се споменуваат и Германецот Феликс Магат, како и Италијанецот Валтер Зенга.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!