Вие имате прво да ја знаете вистината

На репрезентативецот на Велс му е дијагностициран рак! Младиот фудбалер ја објави лошата вест

На репрезентативецот на Велс, Дејвид Брукс (24) му беше дијагностициран рак на лимфните жлезди.

Фудбалерот на англискиот второлигаш Борнмаут ја објави оваа страшна вест, но нагласи дека нема намера да се откаже од најтешката борба што го чека.

Медиумите на островот пишуваат дека првите прогнози не се драматични, бидејќи, како што се уверени лекарите, ракот бил откриен во рана фаза.

https://www.instagram.com/p/CU-VFYvsqwV/

Ова е многу тешка порака што ја пишувам. Ми беше дијагностициран хочкингов лимфом од втор степен. Почнувам со терапија следната недела. За мене и моето семејство, се ова е голем шок, но прогнозите се позитивни. Уверен сум дека целосно ќе закрепнам и дека ќе се вратам на теренот. Сакам да им се заблагодарам на докторите, медицинските сестри, консултантите и сите што ме третираа со многу професионалност, топлина и разбирање во овој период, напиша Брукс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!