Вие имате прво да ја знаете вистината

Последна шанса да ја дознаеме вистината: СЗО формира нов тим за откривање на потеклото на коронавирусот

Претставничката на СЗО, Марија ван Керкове изрази надеж дека Кина ќе соработува со новата мисија и дека се потребни триесетина студии за да се утврди како вирусот преминал од животни на луѓе.

Светската здравствена организација формираше нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се утврди потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 и ја повика Кина да соработува.

Првиот случај на ковид 19 кај човечката популација беше регистриран во кинескиот град Вухан во 2019 година, и Кина отсекогаш ги негираше обвинувањата дека вирусот потекнува од нејзините лаборатории и рече дека посетите на службениците на СЗО повеќе не се неопходни.

СЗО назначи 26 членови на Научно -советодавната група за потеклото на новите патогени, меѓу кои Марион Копманс, Теа Фишер, Јанг Јунгуи, кинески експерт кој учествуваше во заедничката истрага во Вухан, пренесува Ројтерс.

Водечкиот експерт на СЗО Мајк Рајан рече дека оваа нова група е последна шанса да се утврди потеклото на вирусот што го запре целиот наш свет.

Покрај коронавирусот, тимот ќе го испита потеклото на други патогени со висок ризик.

„Разбирањето од каде доаѓаат новите патогени е клучно за спречување на идните епидемии“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Претходно, д -р Тедрос и други претставници на СЗО рекоа дека „не може да се исклучи лабораториска несреќа“ како потенцијален извор на пандемија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!