Вие имате прво да ја знаете вистината

ТРАГЕДИЈА! Почина млад српски ракометар, имаше само 20 години, беше голем талент!

Младиот српски ракометар од Босна и Херцеговина, Александар Маринковиќ, почина на 20-годишна возраст.

Маринковиќ играше за Јединство од Брчко, а кариерата ја започна во Радник од Бјелина, а според локалните медиуми, тој важел за еден од најголемите таленти таму.

https://www.facebook.com/rkjedinstvo2015/photos/a.857522064381602/2526907780776347/?type=3

Со голема тага и неверување ја примивме веста дека нашиот член, нашиот син и брат, Александар Маринковиќ, најдоброто десно крило на Република Српска, не напушти утрово премногу рано, ненадејно и засекогаш! Ти благодариме за секоја секунда што ја помина со нас! Маре, нека ти е вечна слава, напишаа од Јединство на социјалните мрежи.

Смртта на талентираниот ракометар погоди многумина, како и луѓето од неговиот поранешен клуб, Радник.

Оваа вест ги погоди сите во клубот. Нашиот Александар Маринковиќ трагично почина. Почивај во мир, соколе, нека те чуваат ангелите – рекоа од Радник.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!