Вие имате прво да ја знаете вистината

Ново правило за офсајд кое засекогаш ќе го промени фудбалот: Започнува во Катар

Се подготвува нова фудбалска револуција! Откако ВАР заживеа речиси насекаде на планетата, сега се размислува за нов чекор, со цел да се забрза фудбалот, бидејќи понекогаш ВАР -проверката трае подолго, а тоа ги иритира играчите на натпреварот, како и навивачите.

Затоа ФИФА сега има нов план, сака да ја подобри технологијата и да ги исклучи човечкиот фактор и потенцијалните грешки на судиите при покажување офсајд.

Легендарниот Арсен Венгер, шеф за развој на фудбалот во ФИФА, откри дека се планира вистинска фудбалска револуција.

Неговиот предлог е идните одлуки за офсајд да ги носи технологијата, а не помошниците судии. Целта е да се спроведе овој план до Светското првенство во Катар 2022 година.

Венгер смета дека постои реална шанса технологијата да носи одлуки на офсајд од Катар во 2022 година и дека ВАР повеќе нема да мора да интервенира во проверка на офсајд одлуките.

Мора да продолжиме да напредуваме во брзината на донесување одлуки, особено во однос на офсајдот. Јас сум должен да ја чувам тајната, но тоа ќе биде следниот голем напредок кога станува збор за судењето – рече Венгер на брифингот со новинарите во Париз.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!