Вие имате прво да ја знаете вистината

Се појавија астрашувачки снимки од Бејрут: Земјата на раб на граѓанска војна, армијата на готовс (видео)

Либанскиот премиер рече дека безбедносната состојба во Бејрут се подобрува по бурниот ден со големо насилство.

Тоа се случува во услови на собири на поддржувачи и сојузници на шиитската група Хезболах, кои планираа да отидат во Палатата на правдата во знак на протест против судијата кој ја истражува смртоносната експлозија на пристаништето во Бејрут.

Неколку луѓе загинаа, а десетици беа повредени во пукање во либанскиот главен град Бејрут во четвртокот, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на извори во армијата.

Наводно пукањето започнало во населбата Аин ал-Реманех кога луѓето што требало да протестираат минувале низ блискиот кружен тек, што доведе до размена на оган. На интернет се појави видео на кое се гледа како луѓе трчаат на улица и се обидуваат да се сокријат во блискиот блок.

Исто така во четвртокот, беа пријавени најмалку две експлозии во Бејрут, по судирите во близина на местото на протестите, поради експлозијата на пристаништето во Бејрут во 2020 година. Либанската армија издаде соопштение во кое се вели дека се бараат оние што ги нападнаа демонстрантите.

Минатиот месец, истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут, во која загинаа над 250 луѓе во август 2020 година, беше прекината поради тужба против судијата Тарек Битар. Тужбата наводно била поднесена од поранешниот либански министер за внатрешни работи Нохад Мачнук, кого судијата сакаше да го повика на распит.

Смртоносна експлозија го потресе пристаништето Бејрут на 4 август 2020 година, при што загинаа повеќе од 250 луѓе, повредени беа 7.000, а околу 300.000 останаа без покрив над главата. Илјадници тони амониум нитрат складирани во пристаништето беа причина за експлозијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!