Вие имате прво да ја знаете вистината

Заедно со Софија Лорен беа еден од симболите на Италија, во нив се возеше папата, а вечерва Алиталија оди во заборав

Алиталија, некогаш еден од симболите на италијанскиот стил и гламур, денеска ќе го направи својот последен лет по 75 години откако компанијата пропадна поради лошите одлуки на менаџментот.

Нејзин наследник, многу помал по големина, ќе биде новата компанија Italia Trasporto Aereo (ИТА).

Алиталија, чии услуги традиционално ги користеа папите, примадона и италијанската политичка елита, од 2017 година е под принудна државна администрација за да избегне ликвидација.

Ноќниот лет од Калјари до Рим околу 22 часот ќе биде последен за компанијата, основана во 1946 година, по серијата преструктуирања и промени во сопственоста.

Компанијата заврши со позитивно салдо за само една година во овој век, а владата мораше да ги покрива загубите неколку пати, на што потроши повеќе од осум милијарди евра само во последните три години.

По обидот за продажба на приватни инвеститори, дојде пандемија во 2020 година, а владата во Рим одлучи да ја затвори Aлиталија и да ги претвори нејзините остатоци во помала компанија за ИТА.

Новиот авиопревозник, во кој владата ќе инвестира 1,35 милијарди евра во следните три години, ќе започне со работа со 52 авиони и 2.800 вработени. Алиталија имаше околу 110 авиони и 10.000 работници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!