Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден: Заедно можеме да ја победиме пандемијата

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, денеска истакна дека Соединетите држави одлучно ќе ја продолжат борбата против пандемијата на коронавирус.

Тој на Твитер изјави дека заедно можеме да ја оставиме пандемијата зад себе и дека секое трето постаро лице во Соединетите држави што ги исполнува условите за вакцинација е веќе вакцинирано.

Ќе продолжиме да ја обезбедуваме оваа заштита за старите лица и за сите други додека влегуваме во сезоната на празници. Заедно можеме да ја оставиме оваа пандемија зад себе – напиша Бајден на Твитер.

За потсетување, тој вчера изјави дека 66 милиони луѓе во САД уште не се вакцинирани.

Се уште имаме 66 милиони луѓе кои не се вакцинирани, и тоа е неприфатливо. Бројот на невакцинирани во јули беше 100 милиони. Ја намаливме оваа бројка на 66 милиони, но уште не ја завршивме работата. Се наоѓаме во критичен период – рече американскиот претседател.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!