Вие имате прво да ја знаете вистината

Марио Манџукиќ станува тренер?

Марио Манџукиќ објави крај на својата голема фудбалска кариера во септември, но очигледно не секаше да се одмора многу.

Легендарниот хрватски напаѓач се запиша на тренерската академија што е почеток на патот до добивање УЕФА ПРО лиценцата потребна за водење клубови во најсилните лиги на светот.

https://www.instagram.com/p/CTmZ5mFjJ9S/

Манџукиќ ќе има 160 часа настава, по што ќе треба да ги положи испитите. Доколку тој одлучи да се запише на курс за УЕФА А лиценца, ќе мора да има една година тренерска пракса, што би можел да го направи во стручниот штаб на репрезентацијата доколку има волја од двете страни.

Патот до добивање лиценца за ПРО е многу долг а за хрватските фудбалери многу подолг отколку за поранешните професионалци во некои други земји, како што е Германија.

Манџукиќ е само еден во низата поранешни хрватски репрезентативци и професионалци, кои одлучија да започнат со тренерската работа во последните години. Ведран Чорлука, Ивица Олиќ, Огњен Вукојевиќ, Јерко Леко, Михаел Микиќ, Марио Царевиќ и многу други присуствуваат на академијата ХНС, која е позната како многу добра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!