Вие имате прво да ја знаете вистината

До Божик ќе светне семафорот: Олаф Шолц ја договори идната германска влада

Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) постигнаа начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија, пренесува АФП. Кандидатот за канцелар Олаф Шолц (СПД) очекува коалицијата семафор да се формира најдоцна до Божиќ. Олаф Шолц се договори со Анален Бурбок и Кристијан Линднер.

Работевме интензивно оваа недела, разговаравме многу едни со други. Се договоривме за документ што може да биде основа за преговори. Затоа, се препорачуваат преговори за коалиција. Сакаме да направиме напредок, рече Шолц.

Денеска лидерите на трите партии за првпат се појавија пред медиумите со резултатите од разговорите за формирање влада.

На Германија и е потребна стабилна и сигурна влада која ќе им пристапи на предизвиците на нашата земја. Нашите разговори покажаа дека можеме да успееме во тоа, се наведува во нацртот на заедничкиот документ, што го пренесоа германските медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!