Вие имате прво да ја знаете вистината

Кина испрати астронаути во вселената, тие пишуваат нова историја, ќе бидат надвор од Земјата најдолго досега (видео/фото)

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути, меѓу кои и една жена.

Тие ќе бидат во вселената 6 месеци, што е најдолгиот период на време поминато во вселената од страна на кинески тим астронаути.

Астронаутите ќе ги тестираат клучните технологии потребни за составување на новата вселенска станица и ќе спроведат голем број важни експерименти.

Кина, на која американскиот закон не и дозволува да соработува со НАСА и со тоа да слета на Меѓународната вселенска станица (ИСС), ја помина последната деценија развивајќи технологии за изградба на сопствена вселенска станица.

Додека Меѓународната вселенска станица се повлекува за неколку години, кинеската вселенска станица ќе стане единствената во орбитата на Земјата. Повлекувањето на ИСС е планирано за 2024 година, но НАСА најави можно продолжување до 2028 година.

Ова е петта мисија од 11 (со екипаж и без екипаж) што ќе биде потребна вкупно за изградба на кинеската вселенска станица, која треба да заврши до крајот на 2022 година.

Именуван како Тиангонг (Небесна палата), по големина ќе биде сличен на поранешната советска станица Мир и се планира да трае најмалку 10 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!