Вие имате прво да ја знаете вистината

Меси со дрвја и камења по бразилскиот судија: Како намерно да и го прави тоа на Аргентина

Аргентина го победи Перу во квалификациите за Светско Првенство 2022 во Катар со резултат 1 : 0.

Единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинез во 43. минута, а по натпреварот, Лионел Меси имаше што да каже за судијата Вилтон Сампајо од Бразил, бидејќи не беше задоволен од судењето.

https://www.instagram.com/p/CVCED5bKhMh/

Беше тежок натпревар, беше тешко да се игра. Имаше многу ветер, противникот се бранеше длабоко, ни оставија малку простор. Судијата го направи она што го прави секогаш кога суди како да го прави намерно Сепак, освоивме три бода и сега сме поблиску до целта , напиша Лионел Меси на Инстаграм.

Аргентинецот беше незадоволен од досудениот пенал за Перу, кој тие не го искористија. Ова е петти пат во кариерата Сампајо да и суди за Аргентина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!