Вие имате прво да ја знаете вистината

Највисокиот хотел во светот: Вечера на 600 метри над земјата, а пливање во базен на 84-ти кат (фото)

Шангај има нов скапоцен камен во својата блескава круна, Ј Хотел Шангај Тауер, кој беше отворен пред неколку месеци и се смета за највисокиот хотел во светот.

Тој е висок 609 метри, а на тој начин овој хотел за двапати ја надмина висината на Ајфеловата кула. Тој е сместен од 86-от до 98-от ка на Шангајската кула и нуди неверојатни удобности, како што се 24-часовна приватна батлер услуга, внатрешен базен, 165 хотелски соби, вклучувајќи 34 апартмани.

Кулата Шангај е втората највисока зграда во светот, веднаш зад Бурџ Калифа сместена во Дубаи, додека седум ресторани и барови ги воодушевуваат сите посетители. Масивниот простор за прием е првата декорација што ќе ја видите овде, и е создадена од Jин Јијанг Интернационал, најголемата хотелска група во кинеска сопственост.

Гостите на хотелот на последниот кат можат да уживаат во луксузен ресторан, додека на 84 -от кат можат да одат на базен.

По Бурџ Калифа во Дубаи, Шангајската кула е втората највисока зграда во светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!