Оставил проштално писмо, требаше да сведочи во аферата за прислушкување, во ЦГ пронајдено телото на моќен “безбедњак”
Истакнат функционер на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора е пронајден мртов во стан во Подгорица.
Според неофицијални информации, најверојатно станува збор за самоубиство, на што укажува фактот дека наводно е пронајдено проштално писмо.
Како и да е, случајот сега го води Специјалното државно обвинителство.
Постојат основани сомневања дека е извршено дело во наша надлежност“, изјави за Вијести соговорник од обвинителството на чело со Миливоје Катниќ.
Тој не прецизираше за што станува збор, а истрагата е во тек.
Во текот на февруари, Булатовиќ сведочеше како граѓанин во Специјалното полициско одделение, како дел од извидување на СДТ, поради незаконско следење и прислушување на политичари и новинари. Обвинението во тој случај беше поднесено против поранешниот шеф на тајната служба, Дејан Перуничиќ, и службеникот на АНБ, Срѓан Павичевиќ.
Долгогодишниот високорангиран оперативец на службата беше сменет по доаѓањето на Дејан Вукшиќ на чело на таа агенција.